Почетна

Прв Блог

Во овој прв блог дозволете екипата на Common.mk да Ви се заблагодари на сите оние кои дадоа несебична и безрезервна поддршка низ целиот осуммесечен процес на работа и припрема.

Пред сè, голема благодарност до сите салони за убавина кои се согласија за соработка, со што овозможија идејата да стане реалност и вистински продукт.
Покажаа храброст и подготвеност кон нови промени и начин на функционирање во нивната работа.

Благодарност до сите надворешни соработници кои ја поддржаа платформата и беа наш водич низ целиот процес на работа.
Споделените знаења и искуства се од непроценливо значење.

И за крај, порака до сите посетители на платформата, а се надеваме и идни активни корисници на истата, бидете сигурни дека екипата на Common е спремна за сите предизвици кои следат и е тука да ги оправда вашите очекувања.
Уживајте во услугите кои ви ги нудиме на платформата и имајте незаборавно искуство на истатa.

Авантурата може да започне,

Со почит,
Common.mk

P.S Во наредните блогови ќе имате можност да се запознаете со сите салони за убавина, услугите кои ги нудиме, искуства споделени од наши клиенти како и секојдневни работни активности.
Останете со Common.mk

Почетна

Одбери јазик