Политика за правење резервации
Во прилог неколку правила кои важат на Common со коишто веруваме дека ќе помогнеме во развојот на комуникацијата и функционирањето помеѓу клиентите и салоните за убавина.
Потврдена резервација
При правење на резервација во одреден салон за убавина, на крајот на процесот на правење на резервацијата, имате опција со која што ќе можете да изберете дали сакате да го извршите плаќањето во готово (во салонот) или со онлајн плаќање.
* Доколку изберете да платите во готово следуваат следните чекори:
1. Резервацијата се процесира до салонот
2. Доколку салонот ја потврди резервацијата, на вашата e-mail aдреса ќе пристигне потврда од Common дека имате направено успешна резервација
3. Во делот на “мои резервации” ќе го имате терминот означен со зелена боја, а исто така можете да го додадете терминот во вашиот календар преку скенирање на QR кодот како потсетник.
* Доколку се одбере онлајн плаќање:
1. Платформата ќе ве насочи кон системот за онлајн плаќање
2.Во моментот кога трансакцијата ќе биде извршена, вашата резервација е автоматски потврдена
3. Во делот на “мои резервации” ќе го имате терминот означен со зелена боја, а исто така можете да го додадете терминот во вашиот календар преку скенирање на QR кодот како потсетник.
Откажана резервација
При правење на резервација во одреден салон за убавина, на крајот на процесот на правење на резервацијата, имате опција со која што ќе можете да изберете дали сакате да го извршите плаќањето во готово ( во салонот) или со онлајн плаќање.
- Доколку изберете да платите во готово следуваат следните чекори:
1. Резервацијата се процесира до салонот
2. Доколку салонот ја откаже резервацијата, на вашата e-mail aдреса ќе пристигне известување дека резервацијата не е потврдена, односно е откажана. - 3. Во делот на “мои резервации” ќе го имате терминот означен со црвена боја, што значи дека ќе треба да се обидете повторно за некој друг термин.
Доколку веќе имате направено резервација во одреден салон, но сакате да ја откажете тоа може да го направите НАЈДОЦНА 24 часа пред почетокот на терминот.
Доколку резервацијата се откаже во предвидениот рок, вашите средства ќе бидат целосно рефундирани.
Доколку резервацијата не се откаже во предвидениот период од најмногу 24 часа, во тој случај:
1. Доколку е одбрано плаќање во готово, секој салон посебно одлучува за сумата која ќе ја наплати на клиентот кој не го испочитувал терминот.
2. Доколку е одбрано онлајн плаќање, Common има право да задржи 10% од сумата на направената резервација.
- Напомена:
Во ситуации каде постои одредено објаснување за желбата и поттикот за откажување на резервацијата, ви стоиме на располагање да ни испратите e-mail на info@common.mk каде нашиот сектор за поддршка на корисници ќе ја разгледа ситуацијата.
Презакажана резервација
Доколку веќе сте направиле резервација, но притоа дошло до промена на планот и не сте во можност да пристигнете навреме, имате опција да го презакажете вашиот термин НАЈДОЦНА 24 часа пред почетокот на терминот.
Презакажувањето на терминот се прави во делот на “мои резервации” кога ќе се кликне на самата резервација, а потоа на полето “Презакажи резервација.”
Во случај да го презакажете вашиот термин, изминатата резервација која ја имате направена автоматски се поништува.
Процесот за новата, презакажана резервација ги следи истите чекори истакнати погоре.
Во ситуација каде се презакажува термин кој претходно е направен со онлајн плаќање, доколку се направи во предвидениот рок од 24 часа, средствата ќе бидат целосно рефундирани.
Доколку рокот за презакажување не се испочитува, Common има право да задржи 10% од сумата на направената резервација.
Во ситуација каде салонот е оној кој прави презакажување на терминот, на вашата е-маил адреса ќе пристигне меил со вашиот нов термин.
Доколку не ви одговара новиот термин, можете слободно да ја откажете резервацијата во делот на “мои резервации” на полето “откажи термин.”
Сите овие правила и политики ги воведуваме со цел да ја подигнеме свеста, културата и одговорноста кај клиентите со цел почитување на времето, работата и трудот на салоните за убавина и нивните вработени, бидејќи тие си оние кои прават да заблескате со сета ваша убавина и да изгледате како ќе посакате во секое време.
Common.mk, секогаш поблиску до вашиот омилен салон!
Рефундација
За секоја резервација направена и платена со Капар не следува рефундација на средства.