Политика на приватност
Политика за заштита на лични податоци

Common.mk е насочен кон заштита на приватноста на постетителите на веб сајтот www.common.mk. Со Политиката на приватност се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови што се дефинирани во оваа Политика на приватност и Условите за користење на нашата веб страна.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката на приватност за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Поради тоа го задржуваме правото да ја ажурираме или измениме политиката на приватност во било кое време и без претходна најава. Ваше право е периодично да ја проверувате политиката на приватност.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.



1. Видови на податоци кои ги собираме
Лични информации. Лични информации кои идентификуваат одреден корисник. При креирање на профил, правење резервација, оставање коментари и рејтинг за искуството на платформата, социјални мрежи, испраќање на повратни информации на нашиот сајт и на нашата емаил адреса, барање податоци за нашите услуги , поднесување на договор за соработка, ние може да ви побараме одредени лични податоци. Не е секогаш задолжително да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Доколку одберете таква активност, може да побараме да обезбедите лични податоци како што се име и презиме, адреса, емаил адреса, телефонски број, информации за исплата од кредитна или дебитна картичка. Во зависност од активноста која сте ја одбрале некои податоци се задолжителни, доколку не ги внесете нема да ви биде дозволено да ја извршите таа активност.



2. Како ги собираме информациите
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници: Лични податоци и општи податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
-Пристапувате или го користите нашиот сајт
-Се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на Common.mk
-Ги отворате или одговарате на нашите емаил пораки
-Контактирате со нашата корисничка поддршка
-Давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на
нашите Бизнис Партнери
-Оставате коментари на сајтот
-Ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини
-Купувате услуги преку нашиот сајт
-Се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи
-Давате информации на наши Бизнис провајдери



3. Употреба на информации
Причини поради кои ги собираме вашите податоци:
-Да ги поврземе вашите резервации со нашите Бизнис партнери
-Да контактираме со вас во врска со одредена резервација
-Контактираме со вас за промотивни понуди кои може да бидат од ваш интерес
-Да им помогнеме на нашите Бизнис партнери со кои соработуваме да ги подобрат своите понуди
-Пресметување на вкупниот број посетители на нашите услуги
-Да ги персонализираме содржините кои ги гледате кога ќе го посетите нашиот сајт



4. Откривање на вашите информации
Ние нема да ги откриваме, споделиме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица.

Ние може да ги споделуваме вашите податоци со овластени Бизнис провајдери кои извршуваат функции во наше име. Такви активности се:
-Испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки
-Организирање на маркетинг активности
-Купони за бесплатна услуга
-Анализирање на податоците
-Работење на веб сајтот
-Решавање проблеми

Исто така може да собираме лични податоци и од бизнис претпријатија со кои имаме склучено соработка и може да ги споделуваме со цел да ги оствариме нашите административни задачи.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на другите. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со Закон и доколку откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашата веб страница.



5. Безбедност на податоците и нивно задржување
Ние се трудиме да ги заштитиме вашите податоци од неовластен пристап и против незаконската обработка, случајно губење, уништување , оштетување. Ние ги задржуваме вашите податоци за разумен период или колку што законот бара. Вие сте одговорни за одржување доверливост на вашата лозинка која сте ја одбрале за да ви овозможи пристап до одредени делови на веб-сајтот и ве советуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Иако ние преземаме активности за заштите на вашите информации, ние не може целосно да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци кои се пренесуваат на веб-сајтот. Секој пренос е ваш сопствен ризик.



6. Пристапување и корегирање на вашите лични податоци
Можете да пристапите, промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Профил”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на [email protected] со email - адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или остраните профилот може да испратите барање на [email protected] Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи. При онлајн плаќање на вашите нарачки ,доколку одбере зачувување на податоците од вашата платежна картичка на уредот преку кој сте се логирале, истите ќе бидат зачувани само на тој уред и ние немаме апсолутно никаков пристап до истите информации.



7. Приватност на трети страни
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.common.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

Одбери јазик