Политика за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на доверливи податоци
Common.mk ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, или злоупотреба, како и неавторизиран пристап. Common.mk во текот на целиот процес на трансакцијата има никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

Common.mk се обврзува да ја заштити приватноста на личните податоци на купувачот од веб страницата www.common.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се на сила во Република Северна Македонија.
Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители/купувачи на веб страницата common.mk се наведени во Политиката за приватност. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.

При посетата на Common.mk, не се врши автоматско прибирање на лични податоци. Истото се случува при доброволно креирање на акаунт од страна на посетителот или купувачот.
Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители и купувачи на веб страницата www.common.mk.
Common.mk има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на веб страницата.
Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка.

Одбери јазик