Политика за овозможување услуги
1. Цел
Целта на нашата услуга е да се обезбеди едноставна и удобна услуга за вас, поврзување со нашите салони партнери и нивните мениа и овозможување да резервирате услуга од нив. Common.mk овозможува лесно и брзо резервирање на услуга во некој од нашите партнери салони, со што ќе можете навремено да ја извршите резервацијата без никакво чекање.


2. Достапност на услугата
Common.mk нуди резервирање на услуги од нашите партнери салони низ Скопје а во иднина и на територијата на целата држава. Ве молиме кликнете на соодветниот линк за да ги видите менијата на нашите услуги, а потоа кликнете на избраното мени што ќе ви овозможи да направите резервација од соодветниот салон.


3. Нарачки
Кога правите резервација преку нашиот сервис, вас ви стигнува емаил со потврда за вашата резервација од нас во име на нашите партнери салони. Ве молиме да се осигурате дека оставате точна е-маил адреса, бидејќи на овој начин ќе комуницираме со вас во врска со вашата резервација. Исто така осигурајте се дека во профилот имате внесено точна адреса и телефонски број. Ве молиме да не информирате преку е-маил или на телефон доколку имате какви било коментари во врска со нашите партнер салони или во однос на услугата.


4. Откажување на резервација
Вие имате право да ја откажете резервацијата во разумен рок. Корисниците можат исто така да ја откажат резервацијата доколку се јават во салонот, кој е должен да не извести нас за поништувањето на нарачката. Вие нема да ја платите нарачката која е откажана во согласност со оваа клаузула.


5. Цена
Цената на секоја услуга е наведена на нашиот сајт. Цените се со вклучен ДДВ. Цените се прикажани при резервирање кај секој салон. Цените се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на тековната резервација за која ви стигнала е-маил потврда, освен во случај на очигледна грешка во цените, при што ние веднаш ќе ве известиме за можните промени. Доколку не ви одговараат променетите цени вие ќе бидете во можност да ја откажете резервацијата.


6. Пристап и употребување на сајтот
Common го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Common, и Common не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Сајтот може да е недостапен поради било каква причина. Common има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот. Како предуслов за употреба на сајтот, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него; вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба; ќе правите легитимни резервации и плаќање на истите; ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци; ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време. Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување


7. Доцнење на интернетот
Веб-страницата на компанијата, софтверот и услугите може да бидат предмет на ограничувања, одложувања и други проблеми поврзани со користењето на Интернет и електронските комуникации, освен како што е наведено во Политиката за приватност на Друштвото или како што е поинаку побарано од важечкиот закон. Common не е одговорен за било какви одложувања, неуспеси во испораката или друга економска штета што произлегува од такви проблеми.


8. Ограничување на одговорноста
Во никој случај Common, неговите соработници, нивните вработени, агенти, доставувачи, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот; вашата неможност да го користите сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на сајтот; понудите од партнер рестораните


9. Измена на Условите на користење
Common.mk го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката на приватност како што смета дека е неопходно или пожелно. Од вас се очекува да ја проверувате оваа страница од време на време и да обрнете внимание на промените што се направени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање на тие измени.

Одбери јазик