Политика за овозможување услуги

Вовед

Платформата COMMON.MK е сопственост на А.С. ПАРТНЕРШИП ДООЕЛ Скопје со седиште на Ул. Димо Хаџи Димов Бр.38 Скопје - Кисела Вода, со ЕМБС 7457162. Платформата/Веб-страницата, ви дозволуваат да резервирате и да платите за широк спектар на услуги за коса, убавина и спа услуги од различни провајдери (наши соработници). Тие услуги се обезбедени од нашите различни соработници, а не од нас. Обезбедувањето на Услугите резервирани преку нашата платформа е одговорност на партнерот кој ги обезбедува. Во случај да платите за Услуги преку платформата, вашата уплата ќе ја добиеме ние како комерцијален агент во име на Соработникот. Доколку добиеме плаќање како комерцијален агент во име на релевантниот соработник, нашата потврда за правилното плаќање ќе го ослободи вашиот долг кон тој партнер.

 Со употреба на платформата COMMON.MK и услугите кои ги нуди, вие се согласувате со долунаведените услови за користење и политика за заштита на податоците.

Употребувањенасајтот

Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:

  • Не Ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
  • Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
  • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба и другите политики на COMMON.MK
  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
  • Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели
  • Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци
  • Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
  • Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување

Регистрација и најава на сајтот

Доколку сакате да се регистрирате како корисници на www.common.mk истото може да го направите со кликање на копчето "Регистрирај се" со внесување на своја емаил адреса и лозинка. Друга опција е да се регистирате со опцијата логин со Facebook.

Со креирањето на вашиот профил на Common вие се согласувате да добивате добивате дневни емаил известувања. Доколку не сакате да добивате дневни емаил известувања, во содржината на самиот Емаил притиснете на копчето “Unsubscribe”

При секое наредно логирање потребно е да го внесете својот емаил и лозинка за да се логирате. Доколку се логирате со Facebook потребно е само да кликнете на копчето логин со Facebook.

По успешната најава можете да пристапите до веб сајтот и да ги користи сите функционалности кои се достапни за корисниците. Информациите кои ги споделувате при регистрација се користат во согласност со Политиката за заштита на податоци дефинирана подолу.

Пристап до сајтот

COMMON.MK го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Корисникот признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на COMMON.MK, и COMMON.MK не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на COMMON.MK е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и прифаќате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на COMMON.MK, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

COMMON.MK има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

Измена на Условите на користење

COMMON.MK го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење, Условите за Употреба и/или од Политиката за приватност и заштита на лични податоци, Политиката за колачиња, како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако COMMON.MK прави било какви суштински промени, ние ќе Ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила  веднаш со известувањето е Овие промени нема да важат за уплатени термини пред напавената промена. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на  Корисникот ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на Корисникот на тие измени.

Вашиот профил

Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека COMMON.MK нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи направените резервации, без разлика дали се употребени и средствата кои се наоѓаат на истиот. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашиот сајт, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот.

Опрема за употреба на сајтот

Корисникот е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. COMMON.MK не е одговорен за било каква штета на опремата на Корисникот како резултат од користењето на овој сајт.

Кодекс на однесување на Корисник

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:

Поставување било каква содржина на сајтот која:

  • Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);
  • Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
  • Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;
  • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
  • Има ефект на наметнување на другите;
  • Содржи пораки од неовластени лица од COMMON.MK, кои наводно зборуваат во име на COMMON.MK или даваат доверливи информации поврзани со COMMON.MK;
  • Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или
  • Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:

Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;

Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;

Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или

Мешање во употребата на сајтот на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се напраив прекин на сајтот.

Употреба на било кое од следното:

  • Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од сајтот без наша писмена дозвола;
  • Било која содржина од сајтот, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг "скриен текст" техники и технологии без наша писмена дозвола;
  • Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со COMMON.MK; или
  • Сајтот или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со COMMON.MK, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.

Собирање на било кои од следните наведени работи:

  • Содржина од сајтот, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на сајтот и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од сајтот кој друг трета страна, без наша писмена дозвола;
  • Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина или содржина од било кој корисник или соработник.

Вклучување во било која од следните активности:

  • Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на сајтот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на COMMON.MK;
  • Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
  • Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој "робот", "пајак", или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;
  • Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од сајтот (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку сајтот), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола;
  • Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или

Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на COMMON.MK, нашите соработници или нашите услуги.