Политика за заштита на лични податоци
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со позитивните законски прописите за заштита на лични податоци.
Лични податоци
Кога клиентот закажува состанок со давател на услуги преку COMMON.MK, се собираат личните податоци што давателот на услугата смета дека се неопходни. Податоците дополнително се обработуваат од страна на COMMON.MK и давателот на услугата под нивни посебни одговорности.
COMMON.MK личните податоци ги користи за да обезбеди услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да се подобри работењето на веб-страната, за да се подобрат нашите маркетиншки и промотивни напори, за да се анализира корисноста на веб-страната, за да се подобри понудата за услуги, и да се прилагоди Вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. Доколку ја користите платформата COMMON.MK да испратите информација или производ на друго лице, вашите лични податоци може да бидат зачувани. Вашите лични податоци можат да бидат искористени заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на договори со Вас, вклучувајќи ги Условите на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
Технички, Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, Вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. COMMON.MK, и/или нашите овластени трети странки (Даватели на услуги) и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови.
Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
Иако податоците се користат со добра намера и за законски легитимни и оправдани цели, за да се подобри искуството на корисниците, секогаш постои опцијата да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која COMMON.MK ја има со Вас.
(а) Промотивни е-маил пораки
Корисникот во било кое време можете да одбере да не добива промотивни е-маил пораки од COMMON.MK со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас, односно со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инструкциите за да го комплетирате отчленувањето. Корисниците треба да имаат предвид дека и покрај отчленувањето од добивање промотивни пораки, COMMON.MK може да продолжи да испраќа не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за резервација која сте ја презеле преку Вашиот профил.
(б) Колачиња и други технологии
Корисникот може да одбере кои податоци ги споделува кога се поврзува со COMMON.MK преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватностза да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу COMMON.MK и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.
За кои цели COMMON.MK ги користи податоците
COMMON.MK (или нашите соработници-салони) ги користи собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци заради остварување на законски и легитимни цели во електронската трговија и со конкретна цел:
- работење, одржување и подобрување на веб сајтот и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
- понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
- олеснување на правењето резервација на сајтот и процесот на наплата;
- да одговараме на Ваши барања и прашања;
- анализа и спроведување на истражувања;
- да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу COMMON.MK и нашите бизнис соработници;
- испраќање потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
- да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
- водење на секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
- да Ви овозможиме да аплицирате за работно место, да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите Бизнис соработници или други трети страни преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме.
Кога и како COMMON.MK открива податоци
COMMON.MK (или нашите соработници во наше име) нема да ги сподели Вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
COMMON.MK може да споделува лични податоци со соработниците само доколку корисникот се вклучи во некоја активност која бара идентификација и само со соработникот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. COMMON.MK не превзема било каква одговорност за постапките на соработниците. COMMON.MK ги информира соработниците дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени промоции кои ги склучиле со COMMON.MK. COMMON.MK нема никаква одговорност за активностите на соработниците кои не се под наша контрола.
COMMON.MK може да ги споделува Вашите податоци со овластени трети лица - Бизнис Провајдери, соработници, продавачи и сл. кои извршуваат функции во име на COMMON.MK, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. COMMON.MK може да ги споделува Вашите лични податоци со такви провајдери за испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. COMMON.MK исто така, може да собира лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделува Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. Исто така, COMMON.MK може да даде податоци за соработниците на нашата банка со цел да се направи исплата. COMMON.MK ги охрабрува соработниците и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
Вебспот може да ги споделува и автоматски ќе ги пренесе Вашите податоци вклучувајќи и лични податоци при пренос на деловниот процес, при статусни промени на правното лице, на спојување или купување од друга фирма, како и може автоматски да ги пренесе личните податоци на Корисниците на другите веб страни, електронски платформи кои ќе ги креира и на кои ќе работи како своја сопственост. Независно од преносот, личните податоци ќе останат предмет на заштита согласно условите утврдени со оваа Политика и согласно Законот за заштита на лични податоци. Вебспот ќе ги споделува и автоматски ќе ги пренесе Вашите податоци вклучувајќи и лични податоци на добавувачи, продавачи, вршители на услуги, доставувачи и други страни во врска со реализацина на Вашето барање поставено преку COMMON.MK. Ние немаме никаква одговорност за активностите на продавачите и другите соработници и тие не се под наша контрола.
COMMON.MK може да ги споделува Вашите податоци за наша заштита и заштита на други. COMMON.MK го задржува правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Може да Ви биде понудена опцијата да бидат користени Вашите податоци за други активности или услуги различни од активноста или услугата што ја регистрирате на нашата Веб-страница или апликација кога ќе се регистрирате, согласно Условите за користење, објавени на сајтот кои Ве замолуваме да ги прочитате.
COMMON.MK исто така може да ги користи Вашите деловни, лични и демографски податоци за внатрешните анализи. На овој начин, COMMON.MK постојано може да ги подобри, прилагоди и подобро да ги задоволи Вашите потреби со услугите што ги нудиме. COMMON.MK не ги продава или изнајмува Вашите лични податоци.
Ве известуваме дека Личните податоци при техничката обработка и споделувањето со трети страни може да се пренесуваат и во трети земји. Преносот на личните податоци во трети земји од страна на COMMON.MK се врши со целосно почитување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци. COMMON.MK не е одговорен за начинот на пренос на податоците од страна на трети лица и мрежи.
COMMON.MK може да открива или споделува техничките (не-лични) податоци со бизнис соработниците.
Како COMMON.MK ги собира податоците
Податоците кои Вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на COMMON.MK и непречено да се одвиваат сите активности по резервацијата и наплатата.
Корисниците ги оставаат личните податоци кога се регистрираат, зачленуваат, креираат профил, вршат наплата или на било кој друг начин имаат интеракција со платформата. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса и контакт број. COMMON.MK исто така собира податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка. Покрај тоа COMMON.MK собира податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди Вашето искуство со веб-страница, COMMON.MK зачувува cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. COMMON.MK користи колачиња додека ја користитите веб страницата со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Други помагала за следење. COMMON.MK може да користи други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на платформата и промоциите, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите Bашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога Вашиот уред има интеракција со нашиот сајт и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
Безбедноста на податоците
COMMON.MK сериозно пристапува кон безбедноста и превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. COMMON.MK Ви препорачува да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.
Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци и за преносот e известена Агенцијата за заштита на лични податоци, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме НЛБ Тутунска Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за COMMON.MK не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Пристап и промена на вашите податоци
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ги оставиле на COMMON.MK преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Профил”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените Ве замолуваме да ни испратите електронска порака на [email protected] со email - адресата која сакате да се замени и новата адреса.
COMMON.MK Ве охрабрува веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот можете тоа да го сторите во секција “Измени профил”. COMMON.MK ќе ги чува Вашите лични податоци се додека вашиот профил е активен и во согласност со законски утврдените задолжителни рокови за чување на лични податоци Деактивирањето на Вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
информациски системи.
Социјални мрежи
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. COMMON.MK нема контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Приватноста на трети страни
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.common.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. COMMON.MK не сносува одговорност за политиките или практиките на трети лица.
Политика за заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)
COMMON.MK не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на COMMON.MK изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
Терминологија
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на COMMON.MK, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат и маркетинг агенции,.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на промена, ограничување и престанок на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: [email protected].
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за Вашите права